АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во посета на Филтерницата на ЈКП "Водовод" Битола беше директорот на Институтот за стандардизација Џевад Кицара. При посетата беше извршен увид во процесот на производство на вода, а воедно се разговараше и за квалитетот на водата. Двете институции потпишаа меморандум за понатамошна соработка и за членство на ЈКП „Водовод" Битола во Институтот за стандардизација. Директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров рече дека оваа соработка е показател дека ова претпријатие ги следи светските стандарди и прописи за третман на водата и континуирано инвестира во доусовршување на вработените.