АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наместо да дискутираме за спонзорирање на нашите музички ѕвезди, ние сме сведоци деновиве дека цела екс ју пензионерска естрада дојде во Битола за да му дадеме пари бидејќи две години од короната се истрошени.Никој не зборува за Каролина Гочева, за Димитар Андоновски и за многу други ѕвезди кои се од овој град. Ова како еден од проблемите на Битола го посочи лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на денешната промоција на новото граѓанско движење на центарот во Битола.
,,Ако се работело во изминатите 30 години, ние немаше да дискутираме да даваме поддршка за младите надежни спортисти од Битола наместо парите да ги даваме за странски спортисти кои доаѓаат да се натпреваруваат во нашите екипи. На Битола и фали луна парк, пешачки патеки, затворен базен. Нема што не и фали и тоа не се прави во 1 година или еден мандат туку со визија како Битола треба да изгледа по 10 години", рече Милевски.
-Во изминатите 30 години Битола тапка во место, се менуваат двете големи партии меѓутоа незадоволството кај граѓаните расте и се иселуваат оти не ја гледаат тука перспективатa,-рече тој
Запрашан дали како министер во актуелната власт не можеше да ја наметне и спроведе таа визија, рече дека кога се оди во коалиција со поголем партнер тој ги наметнува програмите и идеите и не можете да се расправате, па затоа во коалиција со ДОМ на престојните избори ќе настапат сами.
- Анкетите покажуваат во Битола дека дел од новиот Совет неминовно ќе биде ЛДП. И мнозинството во Советот ќе зависи од ЛДП, рече Милевски, кој воедно е и министер за локална самоуправа во сегашната Влада.
„Важно ни е општините да можат да ги сервисираат потребите на граѓаните а не само на вработените. Се планира успешните општини, пред се тие што успешно ќе управуваат со своите приходи од локалните даноци и такси да бидат дополнително наградени од државата, како и систем за поддршка на помалите општини кои што немаат доволно сопствени извори за финансирање, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на онлајн состанокот со Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.
- Ковид кризата влијаеше и на функционалноста на општините, преку зголемување на трошоците за дезинфекција на јавните површини, за поддршка на граѓаните, намалена наплата на локалните даноци, такси и услуги пред се поради стравот на граѓаните од ширење на контакти. Во 27 општини е регистрирано опаѓање на приходите, а во 49 се намалени инвестициските активности што дополнително има влијание на развојот и на услугите, рече министерот Милевски, кој истакна дека во овие вонредни околности општините со конкретни мерки на намалување на некои локални такси ги подржале локалните бизниси и локалната заедница, а и централната власт наменски ја помогнала работата на јавните претпријатија со цел услугите да се извршуваат непречено и во периодот на здравствената криза“, рече министерот.
Министерството за локална самоуправа почнува со подготовка на нова Програма за локален развој и децентрализација, документ со кој Владата ги определува целите и приоритетите за развој на локалната самоуправа и спроведувањето на процесот на децентрализација, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Спроведувањето на прекуграничните проекти одеше отежнато поради пандемијата со ковид-19, а особено во периодот на карантини, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.