Webp.net gifmaker

Коронавирусот ги забави прекуграничните проекти со Грција, рече Милевски

Јули 24, 2020

Спроведувањето на прекуграничните проекти одеше отежнато поради пандемијата со ковид-19, а особено во периодот на карантини, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

 

„Повикот кој заврши и сега треба да се врши евалуација со проектите токму со грчката страна, беше одлаган за извесен период бидејќи институциите не работеа со цел капацитет, апликантите потешко можеа да ги соберат сите потребни документи, а и имплементацијата во тој период одеше малку потешко. Сега се нормализираат работите, па и нашите експерти кои ги евалуираат и контролираат овие проекти следната недела ќе излезат на терен да ги исконтролираат и да можеме да ги верифицираме новите трошоци што се прават и да им се вратат на институциите или на партиципиентите средствата назад“, рече Милевски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани