АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 800 деца ќе бидат згрижени во битолските градинки на 9 септември. Толкава е бројката на деца чии родители се изјасниле дека се самохрани, а вработени или дека двајцата родител им работат на место кое не трпи физичко отсуство. Остануваат само дваесетина деца кои поради потоколите за ограничен број на деца до 6 во јасли и 15 деца во поголеми групи, нема да можат да се сместат во градинките во централното подрачје, па ќе треба да одат во руралните. Но, родителите одбиваат да ги однесат во друга градинка.