2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НАД 800 ДЕЦА СО ПРИОРИТЕТ СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗГРИЖЕНИ ВО БИТОЛСКИТЕ ГРАДИНКИ

Септември 04, 2020

Над 800 деца ќе бидат згрижени во битолските градинки на 9 септември. Толкава е бројката на деца чии родители се изјасниле дека се самохрани, а вработени или дека двајцата родител им работат на место кое не трпи физичко отсуство. Остануваат само дваесетина деца кои поради потоколите за ограничен број на деца до 6 во јасли и 15 деца во поголеми групи, нема да можат да се сместат во градинките во централното подрачје, па ќе треба да одат во руралните. Но, родителите одбиваат да ги однесат во друга градинка. 

 

 
,,Во моментов имаме капацитет да згрижиме 516 деца, а од 680 за кои имавме договори пред пандемијата, само 459 се пријавени дека веднаш и по завршување на мерките за затворени градинки ќе се вратат назад. Имаме капацитет да ги згрижиме децата за кои имаме договори, дури и шеесетина места слободни. Ако е пополнет бројот по протоколите во група во централно градско подрачје , родителите не прифаќаат да го носат во рурална средина. Ја сакаат воспитувачката која ги следела додека оделе во градинка. Но, ова е вонредна ситуација. Друго беше претходно кога имавме 36 деца во група, а сега е сосема поинаква кога мора да се почитуваат протококите", вели Лидија Тфирст Митревска директор на градинките под ,,Естреја Овадија Мара".
 
Во Битола градинките се под две јавни општински установи ,,Естреа Овадија Мара" и ,,Мајски цвет".
 
,,Ќе одговириме на сите родители кои донесоа потврда дека мора да одат на работа, а дел од останатите деца веќе не доаѓаат. 415 можеме да прифатиме според протокол. Но, помалку се пријавени. Затоа велам дека можеме да одговориме на потребите на родителите. Размислуваме да се примат и деца од листата на чекање", рече Снежана Тодоровска, директорка на  градинките под јавната општинска устснова ,,Мајски цвет".
 
Во градинките под ЈОУ ,,Пролет" велат дека мора да се задоволат потребите на децата со чии родители имале договор за згрижување пред пандемијата. Заклучно со 11 март биле згрижени 911 деца, а со пандемијата се испишале 231.На листа на чекање биле 497 деца. Сега прво ќе мора да се примат децата со чии родители имаат важечки договори, а од листата на чекање можат да се згрижат деца само онаму каде има слободни места во некои јасли. 
 
Потребата од места ќе се реши со изградба на две градинки во Битола за кои веќе е извадена потребната документација и градежни дозволи. Едната градинка ќе се гради во касарната со капацитет до 250 деца, со средства на општинта, а другата во Нова Битола преку проект на Министерство за труд и социјална политика и Светска банка. 
 
Инаку, во градинките обезбедени се потребните средства за дезинфекција, кадар, а известени се вработените и родителите за протоколите. 
Ж.З. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани