АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не бев талент за цртање, туку за пишување. А Коста, не го нарекувам чичко, како некои колеги, зашто со голем пиетет зборувам за неговото дело, беше извор на поуки не само за младите ликовни таленти, туку и извор на теми за пишување на новинарите. Пред пандемијата и пред да му се наруши здравјето често знаев да навратам во просториите на Детското ликовно студио во битолската чаршија. Ќе го најдев седнат на канапињата, околу него преполно со цртежи, каталози, книги, фалаери за толку големиот, а сепак само во наслов „Мал битолски Монмартр“. Постојано нешто подготвуваше за колонија, за изложбата. Во очите секогаш му искреше светлина додека зборуваше за некоја нова идеа како да ја збогати колонија, да ѝ го продолжи животот да ја направи попривелечна, поатаркативна. Дали да изложува на олимпијади, во Хонг Хонг, во Франција, Стокхолм или каде не на други места, па и во битолската чаршија каде некако најубаво ми изгледаа делата на малите детски рачиња.
Продолжувајќи ја колонија, го продолжуваше и сопствениот живот. „Малиот битолски Монмартр“ за него беше неговиот живот. Кога беше на поодминати години се случи катастрофалниот пожар во студиото и кога многумина скептици не веруваа дека ќе го има пак Монмартрот, тој го издигна од пепелот како Феникс. Во студиото не остана ни еден исчаден белег од пожарот. Го обнови како ново, споменот од премрежието остана зачувано само на еден од дестките цртежи, да потсетува дека и огнот е немоќен да ја збрише оваа битолска традиција.
По ова, Коста се соочи и со здравствени проблеми, ја скрши ногата. Но, и покрај годините, кога повторно некои скептици не веруваа дека ќе стане, пак се исправи и се врати на својот, би рекла прв дом, студиото во чаршијата. Да ги следи детските ликовни креации, пуслисрањата на битолската чаршија и таму да сонува за нови уметнички подвизи на колонијата.
Тој ја постави Битола на светската ликовна мапа, ја прослави, заедно со неговите ученици-следбеници беа културни амбасадори на Македонија. Денес кога пишуваме за неговото дело, трогнати од неговата смрт, не смееме да зборавиеме и еден сегамент. Тоа е колку овој човек си ја јадеше душата во годините кога не добиваше ништо или само грст денарчиња од поранешните државни и општински власти, што беа премалку за една светска манифестација. Со јад секогаш зборуваше за тоа. Велеше „цел свет да те признава, дома да не те признаваат“.
Но, тој успеваше, како секој татко посветен на своето чедо, сам да се снајде, важно на 24 мај да ги пречека дечињата. А тие доаѓаа од целиотсвет. Како што имаше сѐ помалку пари од државата за колонијата, така деца стигнуваа се повеќе. Нивните родители, а и ликовните педагози од цел свет кои доаѓаат во Битола и сами си го плаќаа патот, само за да дојдат тука, да бидат дел од големата ликовна магија, од битолските пролетни утра и квечерини кога дечињата ќе се распостелат низ улчиците доловувајќи ја со четката монументалноста на Битола.
Замина голем човек. Вистинска легенда. Ни битолската чаршија веќе нема да биде иста без него. Но, заветот останува на помладите генерации. На неговата ќерка Елена Хаџиантоновска, но и на оние безброј ликовни уметници кои ги има низ целиот свет, а како ученици токму од Коста ја вдишуваа таа уметничка енергија, тој полет, да се грижат за „Монмартр“ да опстане и остане. Тоа впрочем е грижа на сите нас битолчани, да го помагаме и почитуваме зашто само така ќе докажеме дека навистина сме заслужни за делото што овој голем човек го направи за Битола.
На свои 84 години доживеав нареда и разочарување зашто по се што имам направено за развој на младите ликовни таленти, од Министерството за култура годинава ми одобрија 100 000 денари за Малиот битолски Монмартр, а ни денар за Светската изложба, реагира Коста Хаџи Антоновски, творецот на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола.