2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Склучен е договор за реконструкција на спортски терени во ОУ ,,Тодор Ангелевски“ во висина од 3 771 417 ден.

„Вложувањето на локалната самоуправа во спортската инфрастурктура продолжува. Тоа е најважната форма на влогот во спортот за секоја општина. Изградбата на спортски терени е основа за развој на домашни таленти и рекреација на граѓаните“, напиша градоначалничката Наташа Петровска на нејзиниот фб профил.  

За медицинските сестри и докторите:

Нема да кажам дека ја добив битката со короната. Ќе кажам дека спасот од неа е заслуга на медицинскиот персонал од Клиничка Болница Битола кои ме следеа во овој период и на Бога. Ова беше најмалку моја победа. Токму затоа, до нив упатувам длабока почит и благодарност. Без нивната поддршка ништо немаше да биди како што е. Респект, за сета пожртвуваност, за саатите поминати под скафандери, понекогаш од 9 наутро до 4 попладне, без вода, без тоалет,...одејќи од пациент до пациент. Често така лежејќи ја слушав нивната задишаност под маските и тромото влечење на обувките од умора. Некаде ниски сатурации, некаде отежнати со мозочни удари, некаде со деменција, некаде со срцеви проблеми, некаде полесни, некаде потешки.... некаде радост што смртта ги одминала, некаде загуба и солзи. Исписи, записи на починати, нови пациенти... И во сето тоа слушате како упатуваат утешни зборови кон секого. ГОЛЕМИ ЛУЃЕ!

За добрите луѓе:

Во сиот тој мрак во кој се наоѓате, гледате светлина, зрак, љубов, надеж, поддршка... Стигнуваат пораки со топли зборови, слики, прегратки, лични видеа со убави желби, пеење во оригинал изведба наменета токму за вас... без граници, без пресметки, едноставни, чисти, искрени, човечни..... ВИ БЛАГОДАРАМ! Ви благодарам за Вашиот влог во оваа битка.

За вирусот:

Шара по целото тело. Ви прави буквално скрининг. И бара, бара слаба точка. Не успева на едно место, и стрелито заминува на друга страна. Дали е тоа глава, кичма, стомак, срце,... зависи од слабите точки. Истошеност од која здивот ви се зема. И сфаќате дека и кога ви велат помина, имате два последователни негативни тестови, ви треба сила уште да донакрените. Заминувате со измешани чувства, радост за преживеаните и тага за изгубените наши сограѓани.

За злите:

.....000000 (и маргините веќе се исполнети во оваа прилика) Жалам!

Артилериските гранати од Првата светска војна, кои се појавија при градежните активности околу стадионот под Тумбе Кафе, со утрешните ископувања ќе достигнат бројка од околу 10.000 парчиња. Градоначалничката Наташа Петровска и дел од општинската администрација остварија средба на терен со членовите на Дирекцијата за заштита и спласување, кои деновиве работат на отстранување на овие експлозивни направи.

„При изведбените активности на Општина Битола кај стадионот, наидовме на многу специфична ситуација, на остатоци на гранати од Првата светска војна. Изведувачот веднаш ја стопира работата, по шо беа известени СВР Битола, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување и беа преземени првите чекори за 24 часовно обезбедување на градилиштето уште од првиот момент. Деновиве интензивно се отстранува експлозивниот материјал, а со тоа ќе се овозможи понатаму да продолжат градежните активности. Ова е уште една потврда за тоа што се случувало во минатото на оваа територија, со последици до денешен ден. Благодарение на стручните лица за оваа проблематика, очекувам дека набргу ќе бидат создадени услови за изведувачот околу стадионот, со што ќе се отстрани било каков ризик од експлозивните средства“, рече градоначалничката Петровска.

7 пиротехничари од целата земја работат на отстранување на артилериските гранати 75 милиметри од Првата светска војна.

„Моментално имаме 8364 складирани неексплодирани гранати, не рачунајќи ги овие на самото место. Се додека не се заврши и не се отстрани и последната граната, ќе работиме на терен. Во оваа состојба гранатите не се опасни, бидејќи се извадени запалките, освен ако не бидат зафатени од пожар или било каква запаллива материја. Понатаму, во декември се закажани термини за да бидат уништени на воениот полигон Криволак“, истакна Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување, подрачно одделение Битола.

Се очекува на овој опфат, да бидат остранети околу 15.000 артилериски гранати, преостанати од периодот на Првата светска војна.бомби 55

бомби 66

По повод  одбележување на Денот на детето - 20 ноември Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво заедно со учениците и психологот од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола, организираа он лајн настан со главна цел насловена како: „Средношколците во служба на основците, затоа што заедно сме посилни“. Темата на денешниот настан беше “Булинг - врсничко насилство - како да се препознае, каде да се пријави и како да се превенира“.

Поради големиот интерес настанот се реализира во два дена, со цел да се опфатат што е можно повеќе ученици, меѓусебно да соработуваат и да делуваат во насока на градење заеднички вредности.

Градоначалничката на Општина Битола, ги поздрави учесниците, посакувајќи им успешна работа и уште повеќе видливи резултати на меѓусебна поддршка помеѓу средношколците и основците, во насока на почитување на детските права и елиминирање на секаков вид насилство помеѓу учениците.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност  на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани