2win800x200

Не стивнуваат реакциите за таканаречениот Шутка панаѓур, како што ја нарекоа родители продажбата на текстилни производи  од комбе во училиштето „Стив Наумов“ во Битола. 

„Честитки до новата управа на ОУ „Стив Наумов“ за успешно организираниот панаѓур, многу сличен на оној што се одржуваше на влезот на Битола, само сега на сред ходник во образовна институција. Нема веќе потреба да ја прикриваме сивата економија по канцеларии“, напиша родител на својот фејсбук профил, откако вчера видел како стоката се продава во школскиот ходник.

Дали ЈП „Комуналец“ е под стечај ,  се прашуваат битолчани  откако утрово се соочиле со грда слика  пред  училиштето „Стив Наумов“ во Битола. 

Марија-Магдалена Петковска Микаровска на фејсбук објави фотографија од она што го затекна пред ова  училиштето со коментар„ Ужас е глетката, страшно е што дечиња играат, поминуваат и веројатно сметаат дека е во ред пред училиште да е преплавано со ѓубре! Срам да е на одговорните!!!“.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани