АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Брачниот пар Катерина и Воислав Вујиќ, членови на невладината организација ЦЕТ платформа, се дел од проектот „Европа на вашит праг“ кој веќе една година се реализира со европски пари, а има за цел да ги доближи европските вредности до граѓаните. На последната работилница што од денес се одржува во Битола дојдоа со своите неколкумесечни близнаци, а на шега велат дека и тие се дел од придобивките на проектот. Вкупно 11 градови и невладини организации се дел од овој меѓународен проект, а покрај општина Битола, учествува и општината - Вила Боа До Бишпо од Португалија.