2win800x200

Администрацијата на Петровска брои 150 вработени и 21 хонорарец, приближно како и во 2017

Декември 27, 2019

Колкав е бројот на вработени во Општина Битола сега и пред три години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт? Дали има драстично зголемување на  на бројот на вработени, дали ново вработените се партиски,  овие  прашања денеска беа предмет на дискусија во Советот на Општина Битола.  

-На што ќе се трошат парите на граѓаните во новата година. Во 2020 година во споредба со 2017 година Петровска планира да потроши  повеќе од 200 милиони денари по основ на плати и надоместоци. Во 2017 година за плати и надоместоци биле потрошени 652 милиони денари, а сега во 2020 година планира да потроши 856 милиони денари. Или зголемување на овие трошоци за околу 25 проценти, обвини Иванчо Тошевски советник од  ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката Наташа Петровска образложи  со бројки и спореди дека не станува збор за енормно зголемување на бројот на вработени.

-Деновиве читам коментари дека висината на финансиските средства за одделување на плати се зголемени и тоа по партиска основа, и дека енормно се зголемува бројот на вработени во општината, еве ќе споредам . Кога ја презедовме локалната самоуправа заедно со вработените во Пожарната во редовен работен однос имало 153 и 10 ангажирани. Сега во Општина Битола се вработени 150 со редовен работен однос и 21 со времени вработувања. И ве молам соберете ја и едната и другата сума и да видиме дали станува збор за енормно зголемување на вработени и да го земете во предвид дека во рамките на сегашната бројка имате 10 вработени пожарникари, рече градоначалничката Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани