АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По објавата на апла.мк дека Министерсвото за здравство потврди за уште двајца позитивни на КОВИД 19 во во приватната гинеколошко акушерска болница „Плодност“, денеска се огласи и сопственикот на болницата д-р Таше Трпчевски. И тој ја потврди информацијата, но вели дека не уште двајца, туку тројца од персоналот на Плодност се позитивни на КОВИД19, затоа што гинеколог од Прилеп вчера потврдил дека е заразен со корона вирусот.
„Во ‘Плодност’ на одделение има уште две родилки со бебиња, кои утре ќе бидат испишани и се во одлична здравствена состојба. Други пациенти нема, ниту пак некој е однесен во друга болница“, рече доктор Tаше Трпчевски од болницата „Плодност“.
Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.
Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата.
Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.
Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.
По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.