2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Семејството Трпчевски од "Плодност" негативни на корона, вклучително и докторот кој беше позитивен

Март 30, 2020
Сите петмина членови на семејството Трпчевски, од приватната гинеколошко акушерската болница "Плодност", се негативни на КОВИД 19, вклучително и гинекологот Христијан Трпчевски, кој во петокот беше позитивен на вирусот, но не и на третиот негов тест. Ова предмалку на ФБ го објави сопственикот на "Плодност" Др. Таше Трпчевски. Еве што напиша:
 
"Почитувани пациенти, сограѓани и пријатели, 
Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот резултат на д-р Христијан Трчевски, без двоумење, за доброто на сите нас и на нашите пациенти, одлучивме сите да заминеме во домашна самоизолација и да ни бидат земени врисеви за испитување.
 
Во домот живееме како петточлено семејство, јас со мојата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе. Сите петмина, вклучувајќи го и бебето, бевме тестирани од корона вирусот. На д-р Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беше трето тестирање. 
За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа вечерва, а беа земени во саботата, се НЕГАТИВНИ и сите сме во добро здравје.
 
Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба. 
 
Ја споделуваме оваа радост со Вас, но и покрај негативните резултати, нашето семејство ќе остане во самоизолација. Секако и Болница „Плодност“ ќе биде подолнително третирана со дезинфициенти и отворена на 13 април. 
 
Им се заблагодаруцаме на сите кои не поддржаа во овите тешки моменти. Исто така, им се заблагодаруваме на епидемиолошкиот и инффектолошкиот дим на лекари од Битола, на чело со д-р Тони Коњановски, кои се грижеа максимално и ни даава поддрша и совети по неколку пати дневно. 
 
Останете во добро здравје, седете дома и имајте позитивна мисла."
 
Срдечно, прим. д-р Таше Трпчевски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани