АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на Широк сокак во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски и албански јазик. Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот и ги откри сторителите.
Графитот на фасадата на зграда на Широк сокак во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик,е и со додавката „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.
Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.