2win800x200

Соња Карапец, е новиот директор на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола.  Таа доаѓа на местото на Снежана Пажик, која долги години раководеше со домот.

Карапец на последните локални избори беше втора на листата на советници на СДСМ и коалицијата во Битола, но веднаш уште на првата седница на Советот побара  престанок на мандатот.

Нов директор е поставен и во ученичкиот  дом „Мирка Гинова “ во Битола. Таму на челната позиција од вчера е Елена Патче Спасеновска,

Александар Марковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција е назначен за ве-де директор на ИЗ „Жабени“ крај Битола. Марковски доаѓа директно од бизнис секторот, а претходно  беше ангажиран и во неколку деловни  банки  во одделите  за бизнис кредитирање.

-Во моментот кога го преземам работењето со индустриската зона „Жабени“ таму  работи еден активен клиент со 5000 вработени, друг инвеститор е во завршна фаза на градба, а од Владата на Р. Македонија  најавена е  турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, изјави за Апла.мк, Марковски.

Мери Стојанова, етнолог виш кустос е новиот ве-де директор на Завод и музеј Битола. Таа доаѓа на местото на историчарот д-р Александар Литовски кој оваа функција ја извршуваше од август минатата година.

Стојанова која е доктор на науки  досега се истакнала со бројни реализирани проекти и изложби, документарни филмови  од областа на етнологијата, традицијата, занаетите и народното творештво.

Катaрина Кети Велковскa е новиот директор на Државното музичко училиште во Битола. Таа е професор по солфеж и една од наставниците чии ученици  се најнаградувани на државните натпревари со специјални и први награди.

Велковска го започна мандатот по Нова година, а нејзина заложба ќе биде нижото и средното музичко училиште во Битола да бидат во една иста зграда,

 Васко Ковачевски, најави дека заминува од функцијата пратеник и  ќе биде назначен за нов директор на РЕК Битола.

-Причината е учеството во акционерското друштво ЕЛЕМ. Имајќи предвид дека веќе два мандати сум во Собранието сметам дека ја оправдав довербата на граѓаните, вели Ковачевски. Ковачевски напомена дека големата кадровска промена која ја прави СДСМ сега и во изманатиот период е во интерес на граѓаните.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани