АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повторно побеле водата во реката Драгор. Тоа се гледа од фотографиите што до нашата редакција денес ги испратија читатели. Тие пишуваат дека ваквото загадување го евидентирале денес по течението на реката Драгор, од Црн Мост надолу. Забележале обојување на водата во бела боја и силен мирис на хемикалија. Граѓаните кои ни ги испратија фотографиите коментираат дека најверојатно загадувањето доаѓа од фирма која работи кај Црн Мост, а во реката испуша некаква хемикалија или боја.
Има начин загадувањето со ПМ честичките да се сведе на половина, доколку домаќинствата во Битола се греат на сертифицирано дрво со мал процент на влага, велат од Здружението на географи „Геосфера“.Од шумските претпријатија одговараат дека иако ваквите препораки изгледаат едноставно, сечата и доставата на дрва е сложен процес и не може да се прилагоди преку ноќ, туку ќе треба време.
Водата во реката Драгор денеска фрлаше пена, најверојатно загадена со хемикалии . Битолчани по којзнае кој пат шокирани од несовесното однесување на поединци или индустриски капацитети, бараат надлежните да поведат истрага и да ги казнат сторителите.
Најголем загадувач во Македонија се домаќинствата кои се затоплуваат со горива кои загадуваат, втор загадувач е транспортотот, а трет најголем загадувач е индустријата, рече вицепрепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на РМ, дали точно се знае кои се изворите на загадување. Анѓушев посочи дека за да се намали загадувањето, потребно е да се дејствува на изворите, а не на последиците.
Горе од улицата „Прилепска“, долу до „Брегалничка“, десно од „Гоце Делчев“, а лево до „Наум Наумовски Борче“, овој своевиден правоаголник е означен како алармантен регион на мапата со идентификувани аерозагадувачи во Битола, изработена во рамки на проектот на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола. Во овој правоаголник има повеќе приватни објекти, односно домови кои се идентификувани и пријавени од граѓаните како загадувачи, еден објект за производство на храна и една фабрика. Загадувачите се евидентирани и со фотографии. За жал, во овој реон се наоѓа и училиштето „Даме Груев“ и градинката „Пролет“ каде секој ден престојуваат неколку стотици ученици.