АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски, најверојатно ќе се кандидира за градоначланик на Битола на претстојните локални избори, откако ОО на ЛДП Битола го предложи за кандидат на Движењето ОДЛУЧНО за промени, со образложение дека тоа не е само на барање на членството, туку и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ќе се кандидира за втор мандат на локалните Избори што треба да се одржат во Октомври годинава. Ова го потврди во емисијата Директно на Тера, која ќе се емитува во четврток, пренесе телевизијата.
Познатиот и признат македонски дипломат, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен Амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) , Австрија (2010-2015), Јапонија и Словачка, за апла.мк потврди дека најверојатно ќе поднесе кандидатура на отворениот повик на СДСМ за претседателски кандидат. Ова е првата официјална потврда, откако владеачката партија вчера одлучи на јавен оглас да го бара претседателскиот кандидат.