АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Oсквернавен е споменикот за италијанските војници на Македонскиот фронт 1916-1918 година поставен во Градскиот парк во Битола. Од спомен плочата откорната и одземена е фигурата во жолто-златна боја која потсетува на светец и оставени се само мермерните плочи.
Битолчани кои секое утро пешачат во Градскиот парк забележаа дека за празниците споменикот е оштетeн и од фронталната мермерна плоча недостасува фигурата која беше со големина околу триесеттина сантиметри. Тие претпоставуваат дека најверојатно е одземена бидејќи нејзината боја потсетува на злато.
Споменикот беше инаугуриран пред само еден месец на 29 март кога на свеченост во Битола им се даде почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата држава Карло Ромео.
Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.
Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години.