АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голема мермерна плоча на кое е испишано името на Константин Мишајков, познат интелектуалец и ценет лекар, еден од најголемите добротвори на Битола, оштетена и скршена на четири дела, оставена е во дворот на црквата „Св Димитрија“ во Битола, меѓу купишта камења и други плочи. Хроничарот на градот, проф. д-р Александар Стерјевски, за апла.мк тврди дека станува збор за истата плоча која до скоро се наоѓала во црквата „Св. Богородица“, каде граѓаните на Битола во знак на благодарност кон Мишајков, ја поставиле пред повеќе од 100 години. Стерјевски прашува кој и зошто ја фрлил на ѓубриште.