2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Плоча со името на Константин Мишајков, угледен лекар и познат битолски добротвор, оштетена и фрлена во дворот на црквата „Св. Димитрија“

Февруари 03, 2019

Голема мермерна плоча на кое е испишано името на Константин Мишајков, познат интелектуалец и ценет лекар, еден од најголемите добротвори на Битола, оштетена и скршена на четири дела, оставена е во дворот на црквата „Св Димитрија“ во Битола, меѓу купишта камења и други плочи. Хроничарот на градот, проф. д-р Александар Стерјевски, за апла.мк тврди дека станува збор за истата плоча која до скоро се наоѓала во црквата „Св. Богородица“, каде граѓаните на Битола во знак на благодарност кон Мишајков, ја поставиле пред повеќе од 100 години. Стерјевски прашува кој и зошто ја  фрлил на ѓубриште.

misajkov3

-Битолчани направиле мермерна плоча, каде биле забележани неговите залуги за Битола, а ја поставиле во црквата „Св Богородица“, каде до скоро  се наоѓаше до вратата од северната страна на црквата. Напишана е на грчки и словенски јазик. Прашувам, по чија наредба и по чија иницијатива е извадена од црквата и фрлена на ѓубриште? Плочата, која има културно историско значење е оштетана и скршена на 4 парчиња. Битолчани треба да се погрижат за таа плоча, рече за апла.мк проф. д-р Александар Стерјовски

misajkov2

Константин Мишајков бил роден во 1807 година во леринското село Пателе, денешно Агиос Пантелјемонос. Се школувал во родното место, потоа во Атина, а завршил медицина во Пиза, Италија во 1840 година и специјализирал во Париз. Во Битола 30 години работел како лекар на турската општинска служба и началник на Санитетот на битолскиот вилает. Застанал на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо, како и словенска богослужба по црквите. Најголемото значење за градот го имал по тоа што лично се заложил, но и ја финансирал изградбата на училиште и црква со словенска  богослужба. Мишајков бил заслужен и за тоа што добил дозвола од турските власти да подигне христијански храм што во тоа време било тешко.

-Во 1869 година, битолчани главно од Јенимаале, поведуваат иницијатива за отворање на трета црква во Битола. Првата била „Св. Димитрија“ која била под јурисдикција на патријаршијата и каде се пеело на грчки јазик. Втората била „Света Недла“, која била далеку од градот. Нашите Македонци посакале да имаат своја црква која би била во градот. Еснафлиите доаѓаат на идеја да ја лоцираат во близна на Митрополијата, каде било најпогодно место. Во 1869 година еснафот собира пари, а меѓу нив е и Константин Мишајков, кој бил угледен граѓанин, а Турците го почитувале. Благодарејќи на него се повела иницијатива да се изгради црквата „Св Богородица“ и школото „Св. Кирил И Методиј“. На тоа место бил Пипер-ан, а за да се откупи биле потребни 800 гроша. Најголем дел од парите, 400 гроша, дал Мишајков, а за возврат побарал неговото име и ова дело на некој начин да бидат одбележани. Битолчани тоа го испочитувале и во знак на благодарност ја направиле меремерната плоча, вели Стерјовски за апла.мк.

misajkov4

Инаку, во Битола, која во тоа време била мета на туѓи пропаганди, Константин Мишајков се здружил со преродбеникот Димитар Робев.

Според историчарот д-р Александар Литовски преродбеничката борба на Мишајков, отворање на училишта на словенски јазик и словенска богослужба им бодела очи на гркофилите, па успеале да го наклеветат кај турските власти.

-Заедно со Димитар Робев биле на чело на таа преродбеничка борба, па затоа Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните. Бил суден и осуден, но брзо бил ослободен и продолжил да ја извршува лекарската пракса. Подоцнба целото богатство го ветил на битолската црковна општина, вели Литовски.

Константин Мишајков починал во 1880 година во Софија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани