АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одлучил стручната пракса како дипломиран електроинженер да ја мине во РЕК „Битола“, иако имал шанса да избере престој во други европски земји. Германецот Себастијан Ох од Нинберг, дипломец на Универзитетот во Бајројт, северна Баварија, веќе неколку недели професијата ја усовршува во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола. Одбрал да дојде на пракса во Македонија зашто за него била непозната земја, а слушнал дека има голема термоелектрана како РЕК.
„Никогаш досега не сум бил во термоелектрана од ваков калибар, со толкава големина, за мене е фасцинантно тоа што на едно место се наоѓа и производството и рудникот, тоа што имаа сопствен рудник за кој не треба да има долги и големи транспортни ленти“, вели Ох.
Ако лани на одлагалиште имаше непокриена површина со пепел од 30 000 метри квадратни, сега тоа е сведено само на 5000 метри квадратни, рече Јани Макрадули, заменик министер за екологија на днешната средба со претставниците на невладините организации, пелагониските општини и раководството на РЕК во комбинатот.
Забрзување на активностите за поставување заштитни филтри на РЕК „Битола“, беше една од темите за кои денес на работната средба зборуваа градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.
РЕК „Битола“ произведува струја само со еден блок зашто првиот е во ремонт, а вториот од синоќа е надвор од функција. Од ВМРО-ДПМНЕ денес обвинија дека блокот 2 испадна од мрежата, а од РЕК соопштија дека се работи за планско исклучување.
Извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ), Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски потпишаа Меморандум за воспоставување на стратешка соработка. Со документот се овозможува заедничко спроведување идни проекти за одржлива употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина, преку инвестирање во најдобрите распложливи “зелени” технологии и ефикасни оперативни практики.
Имајќи во предвид дека РЕК Битола е најголем национален производствен капацитет на електрична енергија, а РЕЦ една од најголемите меѓународни организации кои работат на полето на животната средина, овој меморандум се очекува во иднина да обезбедува значајна помош при заштитата на животната средина во Битола, Пелагонија, Република Македонија, но и регионот на Југоисточна Европа.
“АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги препознаваат предизвиците на новото време и во таа насока се отворени за соработката со сите домашни и странски организации кои имаат за цел унапредување на искористувањето на обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина. РЕК Битола очекува Меморандумот за соработка со Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа да отвори нови перспективи за развој и имплементација на проекти за одржливо, ефикасно и еколошко производство на електрична енергија”, изјави по потпишувањето на Меморандумот директорот на РЕК Битола, м-р Васко Ковачевски.
РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум се обврзуваат на заедничка посветеност да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита. Ќе се стремат кон исполнување на приоритетните цели и стратегиските определби од инвестициската програма на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, меѓу кои се и зголемено производство од обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност,модернизација на постојните објекти, воведување на еколошки технологии и усогласување со националните и ЕУ стандардите.
Овие одговорности и практики се во чекор со меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на стакленички гасови (како протоколот од Кјото), но и за подобрување на конкурентноста на компанијата на пазарот на електрична енергија, имајќи ја предвид претстојната либерализација на пазарот на електрична енергија.