АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обиколницата над Битола од вечерва е повтрно затворена за сообраќај поради ново свлечиште што се појави на овој дел од патниот правец Прилеп-Битола-Охрид.
Обиколницата над Битола попладнево се очекува да биде пуштена целосно во сообраќај, да се тргнат семафорите и движењето по неа да се одвива без пречки, потврди за апла.мк, државниот инспектор за патишта Сашо Здравевски. Според него градежната фирма „Илинден “ од Струга вчера завршила со санацијата на свлечиштето, над потпорниот ѕид, такашто нема пречки за одвивање на сообраќајот.
Ставени се во функција семафорите на обиколницата над Битола. По поставувањето и вклучувањето на семафорскиот систем се очекува до вторник да биде донесено и решението за пуштање во сообраќај на обиколницата над Битола, а со тоа и растеретување на сообраќајот низ градските улици од тешките товарни возила кои само транзитираа низ Битола.
Веста ја потврди Зоран Илиоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден “ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.
Обиколницата над Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од јавното претпријатие за државни патишта, велат дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.
Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.