АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 11.11.2021 во 19.18 часот на ул.„Тошо Даскало“ во Битола мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник удрил во пешак Л.П.(79) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Доцна вечерава се случи сообраќајна несреќа на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола, кола се заби во дрво покрај зградите. Возилото е оштетено. Увид на местото избрши полицијата. Се уште немаме информации дали има повредени лица, но извесен период за сообраќај беше затворена една коловозна лента од улицата.
Колку возила учествуваа при вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Партизанска“ во Битола? Според очевидци на настанот, жители од околните згради, кои за време на судирот биле на улица во несреќата учествувале пет возила, некои посериозно оштетени, а некои поминале без посериозни оштетувања.
Полиција, пак, дури денес излезе со информација за сообраќајната несреќа. Во него пишува дека се судриле само две возила.