2win800x200

Директно

Сите 169 избирачки места во општина Битола утрово на време беа отворени. Како што соопштија од Општинската изборна комисија, гласањето тече без проблем. Со право на глас се 81738 жители на општината. Годинава згаснува гласачкото место Злокуќани каде има само десет гласачи кои гласачкото право ќе можат да го остварат во село Бистрица. 

Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.

 

Под силно полициско обезбедување денеска во раните утрински часови од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола почна транспортот на довериви изборен материјал до сите 80  општинските изборни комисии за првиот круг од Претседателските избори што ќе се одржат во недела на 21 април, а дистрибуцијата ќе заврши до крајот на денот.

По препораките на Mинистерството за здравство и прогласувањето на епидемија од морбили на подрачјето на цела држава, заради заштита на населението и Клиничка болница од Битола ги спроведува следните мерки за заштита почнувајќи од денес, поточно 17.04.2019 година:

Пробно возење по железничката пруга Битола-Кременица со патнички воз

Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.

Ликот на Исус Христос го изгравирала средношколката- иноватор Евгенија Дивитарова на 55 државен натпревар на млади истражувачи што викендов се одржа во Куманово. Целта ѝ била да покаже дека нејзиниот изум, цнц машината, може да гравира со ласер и во нијанси.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани