2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гласачките места во Македонија во голем процент непристапни за лицата со попреченост

Мај 29, 2018
 
Најголемиот дел од објектите каде што се гласа во земјава се непристапни за лица со попреченост, покажа истражувањето на Здружението "Инклузива"од Куманово. Резултатите од двегодошното истражување за време на предвремените парламентарни и локалните избори беа презентирани денес во Битола. 
"Со помош на ДИК се направи проценка на сите избирачки места во Македонија. Пример, во Полошкиот и Северо-источниот регион 64 проценти од гласачките места се воопшто непристапни за лицата со некаква попреченост, не мора да е само лице во количка, туку и за лицата со оштетен вид бидејќи на нив им треба придружник", рече Благица Димитровска, претседател на Здружението "Инклузива" од Куманово и менаџер на проектот "Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес". 
Таа додаде дека освен физичката непристапност, проблем е и пристапот до информации и начинот на комуникација со лицата со попреченост што го отежнува остварувањето на правото за глас. 
"Се создаваат проблеми на гласачките места при остварување на првите контакти со Општинските изборни одбори бидејќи луѓето не поседуваат вештини за правилна комуникација со оваа категорија граѓани. Така, лицата со попреченост се откажуваат од гладање или го остваруваа во домашни услови", рече Димитровска. 
И едукативните материјали од ДИК и пренесувањето од медиумите не е соодветно за да биде разбирливо за оваа категорија на граѓани. Никаде нема толкување со знаковен јазик. Единствено само видеата на ДИК беа со таков толкувач, но тие беа поттикнувачки, а не информативни. 

Државната изборна комисија склучи меморандум за соработка со здружението "Инклузива" и организира регионални работилници со цел обезбедување на еднаков пристап до избирачките места за време на гласање при избори. 

Од "Инклузива" соопштија дека и просториите на политичките партии се непристапни  за учество на овие лица во политичкиот живот. 
"Ако влезат еден ден  во Собрание и во Советите многу поубави закони и стратегии ќе имаме на ниво на држава" рече Димитровска, додавајќи дека ова го зборува во името на нејзиниот син и на илјадници други лица со попреченост. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани