АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четириесет и седум годишниот О.М. жител на село Долно Агларци, битолско, вчера на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола, се обидел да го потпали ѓубрето во еден од контејнерите, фрлајќи запалена хартија во него.
Настанот се случи околу 13 часот и 30 минути, во близина на објектот на поранешната стоковна куќа Јавор. О.М бил забележан од полицаец кој го регулирал сообраќајот, кој го спречил во намерата. Но, тој почнал расправија со полицаецот, па дури и физички го нападнал.
Од полицијата информираат дека по преземени мерки, од слобода е лишен О.М.(47) од село Долно Агларци, битолско и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.