Кај возач измерени 3,39 промили алкохол при синоќешната полициска контрола на територија на СВР Битола

Јули 17, 2022

Во засилена акциска контрола синоќа во периодот од 23 до 5 часот утрото што ја спроведе СВР Битола,  санкционирани се 53 возачи  кои управуваат возило под десјтво на алкохол, 

Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два Македонски Брод и една санкција Крушево. Кај еден возач од Прилеп  дрегерот измерил 3,39 промили алкохол, а полицијата тоа го документираше со фотографија испратена до медиумите. 
 
За време на контролата биле санкционирани и 63 останати прекршоци. 
 
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани