АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несовесни граѓани ги крадат бехатон плочките кои ги поставија од општината на една споредна патека кај населбата Брусничка по барање на жителите.
Целта беше да не газат во кал кога ја користат патеката преку која побрзо стигнуваат до училиштето „Климент Охридски“ и до улицата „Партизанска“.
Но, некои несовесни битолчани во вечераните часови си ги збираат бехатон плочките и си ги поставуваат во сопствените дворови. Овој пат, општинските комунални служби беа ажирни да го поплочат патот, но граѓаните уште поажурни за да го вратат во првобитна состојба. Сега кога ќе врне и крадците ќе газат во кал, но важно во дворот ќе им биде суво.