АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За овој јаболкобер останаа празни и гајбите и џебовите на овоштарите од Преспа.
Уште не им е исплатена отштетата за невремето од ланската година зашто претходната власт по пријавите постапувала според Законот за заштита и спасување, наместо по оној за земјоделство и рурален развој, па барањата заглавиле во административни лавиринти. Парите за лани не стигнале, а овоштарите и годинава поради лошо време останаа само со десет проценти од планираниот род. Наместо 100 000 тони, јаболкниците родија помалку од 10 000 тони. Загубите се големи и на овоштарите им престојат тешки денови. Но, и на купувачите зашто домашни јаболка на пазарите ќе нема ни за лек, а увезените ќе се продаваат двојно поскапо.