АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали дивееле на Ќумурното игралиште во Битола и кршеле се пред себе. Оштетени се настрешниците и клупите покрај игралиштето како и се што можело да се искрши и извитка со голи раце. На тревата расфрлени шишиња од вино и искршено стакло. Дивеењето најверојатно се случувало доцна синоќа, бидејќи читатели тврдат дека грдата слика ја затекнале рано утрово. Од СВР-Битола ветија информација за подоцна.