СЕ РЕНОВИРА ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ  

Мај 27, 2020

Започна реновирањето на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола.

Општина Битола го финансира менувањето на оштетената мрежна ограда, зајакнување на челичната конструкција и поставување на 6 нови врати, во вредност од 381.600 денари. 
 
Градоначалничката Наташа Петровска го посети овој спортски објект, каде што се сретна со изведувачите и со дел од спортистите кои го користат за секојдневен тренинг. Изведувачот ја запозна со активностите кои што ќе бидат преземени во следните 30 работни денови, а спортистите пак, посочија дел од активностите, но и дел од претходните проблеми со кои се соочуваа во делот на изведување на тренинзите. Дадоа и свои предлози за натамошно надоградување на Ќумурното игралиште со дополнителни содржини. 
 
 FB IMG 1590584823446
Ќумурното игралиште во Битола го користат голем број спортски клубови за одржување на тренинзи. Со него управува Општина Битола, а го одржува Јавното претпријатие „Комуналец“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани