2win800x200

Соопштение на ЈКП „Водовод“: Зачестени контроли против бесправно користење на вода

Август 17, 2018

Поради зачестените појави на бесправно користење на вода на територијата на град Битола и околината каде ЈКП „Водовод“ Битола врши дистрибуција на вода за пиење, во наредниот период ќе бидат организирани зачестени контроли од страна на ЈКП „Водовод“.

При контролите странката е должна да им овозможи пристап на контролорите до местата на потрошувачка на вода, како и до мерилото-водомерот. За сите физички и правни лица кај кои ќе бидат констатирани неправилности ќе се преземат мерки согласно Правилникот на ЈКП „Водовод“ Битола и Кривичниот закон на РМ.

 

На телефоните 047 227 449 /227 448 или 072 234 124 можете да пријавите злоупотреба/кражба на вода. Имено, Ве потсетуваме и на телефоните 047 238 200 или 072 232 119 на кои единствено можете да извршите пријава на дефект, при што задолжително треба да ги споделите следниве податоци :

  • име и презиме на носителот на сметка за вода,
  • адреса на која е воочен дефектот,
  • телефон за контакт.

Доколку имате пофалба, поплака или друга забелешка по однос на работата на инкасаторот кој отчитува во вашиот регион пријавете на телефонот 047 227 448 . Со цел зголемување на транспарентноста на работењето, корисниците на услугите на ЈКП „Водовод“ Битола своите забелешки за работата или за услугите кои ги нудиме, може да ги пишуваат и наследниот email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ЈКП Водовод Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани