2win800x200

За викендов, шест сообраќајки во Битола и над стотина казнети возачи

Февруари 25, 2019

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот (22.23.24-февруари),извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  на 1079 возачи и возила.При контролата алкотестирани се вкупно 129 учесници во сообраќајот ,при што кај 13 возач откриено е присуство на алкохол и истите се  исклучени од сообраќај.

При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 9 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.Кај 2 возила е утврдена техничка неисправност ,а на 10 возила утврдено е дека се нерегистрирани, или се со измината важност сообраќајните дозволи. 9 возачи се писмено опоменати ,а  на 106 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 35 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 57 видови останати прекршоци.    

На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендов се  случиле 6 сообраќајни незгоди,  во кои едно лице се здобило со телесни повреди , причинета е материјална штета.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани