АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 05 март, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло при што биле контролирани 445 возила.
При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи е утврдено присутво на алкохол и истите се отсртанети од сообраќај.
Нерегистрирани биле четири возила, на мобилен разговарале двајца возачи и шест возачи не користеле сигурносен појас.
Исто така осум возачи се писмено опоменати, а на 48 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 18 видови останати прекршоци.