АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Точно е дека на Битола и недостигаат паркинзи, но, исто така, факт е дека се поголем број возачи одбиваат да платат паркинг, па создаваат хаос во централното градско јадро, затоа што ги паркираат автомобилите каде ќе стигнат.
Најомилено место се тротоарите, точно каде што се поставени сообраќајните знаци „забрана за запирање и паркирање“.
Дека сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот е на многу ниско ниво е веќе познато, но, непочитување на сообраќајни знаци за изречни наредби е или дрскост или нивно непознавање, па некои работи најдобро се учат и се помнат со санкции.