АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На плац кај Буковски ливади, поточно на улица „Буковски Мост“ вчера сабајле околу 4 часот од засега непознати причини се запалил камион „Ивеко Стралис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки, сопственост приватна на фирма. Од СВР Битола извршиле увид.
Во гаснењето на пожарот интервенирала битолската Противпожарна единица со две возила и неколку пожарникари. Од таму за Апла.мк велат дека на истиот плац имало пет камиони, а оној кој се запалил не бил возен десетина дена. Со интернецијата спречиле пожарот да се рашири и врз другите камиони.
Се истражуваат причините за пожарот, а не е исклучена можноста да бил подметнат.