АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
46 годишниот битолчанец, со иницијали З.С. ,возачот на “цитроен берлинго“, загина на самото место во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 12:40 часот се случила на магистралниот пат, Прилеп – Битола, кај селото Тополчани.
Во сообраќајната незгода се судриле две патнички возила, “опел астра“ и “цитроен берлинго“, управувано од лицето од Битола.
Според информациите од битолската полиција во незгодата починал возачот, а повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Битола и според првичните информации тие не се во животна опасност.