АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патници во километарски колони возила со часови се загалвени на Плетвар поради густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот Прилеп-Росоман е во прекин во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.
Интервенираат противпожарните единици од Кавадарци и Прилеп, а пожарникарите велат дека сосотојбата е исклучително серизона. Пожарот избуванал денеска во 13,30 часот, а вечерва пламените јазици веќе се до патот.
Гори шума, нискостеблести растенија и трева. Патниците кои попладенво се затекаа на овој фрекевентен патен правец, се уште се загалвени во колонита, а неизвесно е кога сообраќајот ќе се нормализира. Меѓу нив има и голем број битолчани кои после пладне тргна од Скопје за Битола или обратно. Некои од нив се вратиле назад, а други, пак, заглавени во колоните на социјалните мрежи се жалат дека со часови се без храна и вода.
Гаснењето на пожарот дополнително го отежнува и силниот ветер, поради што никој не може да предвиди кога патниот правец повторно ќе биде прооден.