2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчани ќе ги добијат дрвата следните две недели

Ноември 24, 2017

Граѓаните од Битола, ќе го добијат нарачаното огревно дрво, во следните две недели, информираат од  „Македонски шуми“, за што деновиве се ангажирани голем број возила од околните градови за да се забрза доставата.

Причината што голем број граѓани останаа без дрва до крајот на ноември, од јавното претпријатие ја објаснуваат со селективна достава од страна на претходното раководство, кое пред заминување, до крајот на август испорачувало огревно дрво на свои роднини и пријатели, а оние кои имале претходно уплатено, биле прескокнувани .

Исто така, во одговорот наведуваат дека пртходниот менаџерски тим во Битола, презел големи обврски за испорака на огревно дрво од 14.033 метри просторни, а до нивното заминување на 1 септември годинава, испорачале само 5 533 метри просторни.

„За новиот менаџерски тим останаа за испорака 8500 метри просторни, од кои до 15 ноември, се испорачани 6 246 метри просторни, што значи дека за два и пол месеци се испорачани повеќе дрва отколку за осум месеци, велат од ЈП „Македонски шуми“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани