АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На среде конзулска Битола-пајкарник. Наместо како битолчани да се трудиме Битола да го зачува белегот на конзулски град, некои создадоа селска идила во центарот.
Пајкарникот со неколку пајки и поставено ламаринче како живеалиште се сместени спроти влезот во општинската зграда.
Немаме ништо против пајките, туку само сметаме дека не им е местото да живеат во центарот на Битола и пред самата Општина. Барем тоа да изгледаше некако средено, вака наликува на пајкарник.
И кутрите пајки во колку загадена вода живеат само затоа што некој сакал да ни покаже колку убав може да биде Драгор. Тоа да, но откако ќе се изградат прочистителни станици, па потоа нека се вселат пајки, но не пред самата општина како само таму да тече реката.
Пајкарникот тука се постави уште во летото.