2win800x200

(фото)Дива депонија покрај стариот пат Битола-Прилеп срам за Пелагонија

Октомври 19, 2019

Ужасна е сликата на стариот регионален пат Битола-Прилеп. Градежен шут, стари гуми од возила насекаде расфрлено ѓубре, стара постелнина покрај патот, ридчиња со смет кои се повеќе и повеќе се шират наоколу е дел од амбиентот покрај овој пат. Срамната слика се толерира со години ни рече минувач покрај патот додека правевме фотографии, напоменувајќи дека за дивата депонија никој досега  не покажал интерес ни да се исчисти, ни да се спречи.

-Јас сум стар човек по овој пат минувам со години секој ден, но ова што се случува е срамно за сите нас. Ова е срамно за Пелагонија.

Тука има се што луѓето не можеле да го фрлат во своите канти за ѓубре или во контејнерите. Оваа парцела колку што знам  припаѓа во катастарска општина Кукуречани, на пет колометри е од селото Могила, едно од најнаселните села во Пелагонија. Што мислите, што велат овие граѓани како им е да врват секој ден покрај вакво ѓубре?, вели минувач на овој пат.

dep1

dep2

dep3

dep5

dep6

dep7

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани