Во 14:16 часот од електроенергетскиот систем на РСМ испаднаа Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 - Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО.
Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ. Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, пишува во соопштението до РЕК „Битола“.