2win800x200

По пишувањето на Апла.мк- полицијата и инспекциите го претресуваат Баирот

Јануари 30, 2020

Надлежни инспекциски служби со асистенција на полицијата  попладнево вршат претреси по куќите на Битолскиот Баир под мостот кај обиколницата со цел да ги лоцираат лицата кои изминатите денови  палеле отпад и сечеле дрвја од околните ридови за да горат на обиколницата.  Апла.мк денеска објави http://apla.mk/index.php/direktno/item/4154-nokje-se-pali-denje-se-e-chisto фотографии од синоќа откако засега непознати лица  запалиле отпад, но и  изгореле зимзелени дрвја,  ново сечени  од околните ридови.  Очевидици тврдат дека надлежните инспектори се на терен со цел да ги откријат сторителите, кои дополнително придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух во градот. Минатата недела жители од оваа населба запалија гуми и дрва на самиот асфалт на обиколницата и го блокираа сообраќајот барајќи нивните домови да бидат вклучени на електричната мрежа, откако во нивна близина изгоре трафостаница заради диви приклучоци на мрежата. 

Од СВР-Битола за Апла.мк потврдуваат дека полицијата е на терен во асистенцијата на инспектори од Општина Битола. 

http://apla.mk/index.php/direktno/item/4154-nokje-se-pali-denje-se-e-chisto

ноке

губ

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани