2win800x200

Целосно демолирани просториите на невладината „Баирска светлина“

Февруари 01, 2020

Целосно демолирани простории, уништен дел од инвентарот, оштетени вантрешните преградни ѕидови. Вакава состојба затакнале вчера членовите на „Баирска светлина“ во канцелариите кои ги користат во месната заедница „Димитар Влахов“. Вакво вандалско дивеење имало и за време на новогодишните празници, кога дел од инвентарот бил украден, но и во неколку наврати претходно кога биле искршени  прозорците. Инцидентите се пријавени  во полиција, извршен е увид и направен е записник.  Сега невладината „Баирска светлина“ испрати реакција која ја пренесуваме во целост.

82716519 173981830605120 1451384279564025856 n

 82772076 267110194262460 2023928932226564096 n                                                                                                                          

 83861166 2535636573431190 6045587345850236928 n

 

                                                                                                                                 ЈАВНА РЕАКЦИЈА

 

Центарот за развој на ромската заедница (ЦРРЗ) „Баирска Светлина“ искажува длабока загриженост за безбедносната состојба, особено во населбата Баир поради последното случување во просториите на здружението и Месната заедница „Димитар Влахов“ кое беше мета на крадци и хулигани.

ЦРРЗ „Баирска Светлина“ е невладина организација која е формирана во 2001 година и делува во интерес и за потребите на граѓаните во Република Северна Македонија, со посебен фокус на Ромската заедница. Преку своите активности и успешно имплементирани проекти и програми, организацијата стана препознатлива и се стекна со епитет за двигател на Ромското движење во Битола, па и пошироко. Баирска Светлина е поим за видливост на Ромската заедница, а постигнатите успеси и остварените каузи во интерес на колективните права се ценат и надвор од државата. Исто така, Баирска Светлина е првата организација која има позитивна Пресуда за дискриманација по основ на националност, вера и боја на кожа врз припадници на Ромската заедница против јавен објект во Битола.

Имено, особено треба да се истакне соработката на меѓународно ниво во чии рамки е отворена и функционира Правна клиника, поддржан од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ) од Будимпешта преку која се застапуваат граѓаните при остварување на основните човекови права и интереси, се нуди бесплатна правна помош и правни совети во насока на остварување и заштита на правата од социјална заштита, здравствена заштита, дискриминација и други области, како и застапување и лобирање во пристапот до услуги пред органите, институциите и установите на државата.

Дали таквите успеси почнаа да сметат некому?

Во текот на новогодишните празници во период од 01.01.2020 до 06.01.2020 година беше демолирана канцеларијата и украден целиот канцелариски инвертар. Овој не е прв случај и обид, за што претходно во неколку наврати беа кршени прозорци и врати, а на ѕидовите беа испишувани недолични графити. Ваквите аберативни однесувања за жал не беа казнувани од страна на недлежните институции, а загрижува фактот што само се евидентират а не се преземат мерки по однос на ваквите случаи.

Сепак, за случајот во Министерството за внатрешни работи – Битола има пријава и постапено е од страна на полициски службеници, согласно надлежностите со што беше пополнат Записник и постапката е во тек.

Во тој контекст, бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да преземат чекори за сузбивање на криминалните и аберативни случаи и воспоставување нормален и мирен тек на работите, како навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување јавна сигурност и безбедност потребна за непречено функционирање на здружението и месната заедница во Баир, Битола.

Исто така, апелираме до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно своите оперативни планови за работа, се наведува во рекацијата на       Центарот  за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, чиј претседател е Ремзи Медик   

82993071 572811486631955 6624502959726133248 n

83582425 110183570411603 3217819206451986432 n

 

 Е.М.

                                                                                                                                                                 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани