2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Скопје, Битола и Штип најмногу се краде

Мај 03, 2020

 

Во првиот месец од пандемијата, Скопје, Битола и Штип предничат во кривичните дела од имотниот криминал каде од  515 тешки кражби, во овие три града извршени се околу 400.

-Најголем број се извршените тешки кражби од возила 112, потоа во куќи и станови  72 , во викендички само 44, во маркети 34 дела од кои 20 дела во Скопје. Само 18 отсто од тешките кражби се извршени во руралните средини, останатите кражби во најголем број се извршени во урбани средини на централните градски подрачја. Вкупен број тешки кражби на подрачје на Скопје во анализиран период е 227, од кои најголем број во возила.

Потоа следи подрачјето на СВР Битола со 102 тешки кражби, од кои 65 на подрачје на ОВР Прилеп, СВР Штип 68 , СВР Охрид 32, СВР Струмица 30, СВР Тетово 20 и на подрачјата на СВР Велес и Куманово по 18 тешки кражби, истакнуваат од МВР за МИА.

Во земјава во анализираниот месец на пандемијата, регистрирани се 2.194 кривични дела, а стапката на вкупниот криминалитет изнесува 105,5 на 100.000 жители. Најголем дел, односно 47 проценти од вкупниот криминал е поврзан со актуелната состојба и мерките кои се преземаат за спречување на Ковид-19, при што по овој основ се регистрирани вкупно 1.039 кривични дела.

Доколку од анализата ги исклучиме овие кривични дела, евидентно е дека стапката на останатиот криминал изнесува  55,6  на 100.000 жители.

Гледано по подрачја, најголем дел од вкупниот криминал, без кривичните дела против здравјето на луѓето е извршен на подрачјето на СВР Скопје, СВР Битола и СВР Штип, при што стапката на криминал, пресметана на 100.000 жители, е највисока во СВР Битола – 73,3, а потоа следат подрачјата на СВР Штип со 70,1 и СВР Скопје со 69,7.

СВР кривични дела за период од 12.03.- 12.04.2020 година без член 205 и 206 стапка на криминал на 100.000 жители

СВР СКОПЈЕ       459         69, 7

СВР  БИТОЛА    192         73, 3

СВР  КУМАНОВО             50           28, 4

СВР  ОХРИД       80           37, 6

СВР  СТРУМИЦА             100         58, 8

СВР  ТЕТОВО      76           21 ,3

СВР ШТИП          135         70, 1

СВР ВЕЛЕС          60           44, 8

РЦ за ГР               3              /

ВКУПНО               1155       55,6

Анализирајќи ги податоците според видот на делата, најзастапени се кривичните дела кои се поврзани со почитувањето на здравствените прописи и забраните кои се поврзани со спречување на коронавирусот, а потоа следуваат тешките кражби, кражбите и обидите за извршување на тешки кражби и делата со елементи на насилство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани