Битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп, излетал од патот возејќи комбе

Февруари 17, 2021

 

Битолчанец рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола Прилеп.

-На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола- Прилеп, патничко возило„комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местотоЛекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани