2win800x200

Мрша од коњ со недели стои во каналот над Бадембалари, жителите апелираат до надлежните да се отстрани псовисаното животно

Април 20, 2021

 

Мрша од коњ речиси неколку недели стои во канал во населбата Бадембалари во Битола. Жителите од околните куќи крајно вознемирени велат дека се шири неподнослива реа, но што е уште пострашно  е извор на зараза бидејќи над мршата често има кучиња скитници кои растргнуваат од месото на пцовисаното животно. Каналот кој е изграден за заштита од поплави е претворен во дива депонија и сериозно  ја загрозува безбедноста и здравјето на нашите деца се жалат жители од улиците „Девејани“ и „11-та улица“. Жителите бараат помош од јавните претпријатија со механизација да ја отстранат мршата и да го исчистат ѓубрето од каналот.

171462061 370784330765764 3307053591115154691 n

171389896 1156046064836142 6820531665467043607 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани