Webp.net gifmaker

Повреден работник во депонијата „Мегленци“

Април 06, 2018

Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола. Настанот се случил вчера околу 9 часот.

МВР информира дека според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.

Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани