Пронајден битолчанец под Тумбе кафе, со раскрвавени рани на двете раце и пренесен во Скопје

Април 22, 2018

Битолчанец со раскрвавени рани на двете раце е пронајден синоќа под Тумбе кафе и итно пренесен во Скопје.

Несреќата се случила околу 21,50 часот кога во СВР- Битола е пријавено дека кај градското шеталиште под  Тумбе кафе, има повредено лице.

Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.

На повредниот веднаш  му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош во Битола, при што било констатирано дека З.Л. ма обилно крварење од вените на двете раце, по што  итно е пренесен во Скопје во комплексот клиники "Мајка Тереза" за лекарска помош.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани