2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Полициски службеник осомничен за лихварство

Август 19, 2021

Битолската полиција поднесе кривична пријава против З.Б.(31) од Битола, полициски службеник, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.


Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна состојба на оштетените, а со цел за себе да прибави поголема имотна корист, склучил фиктивни договори за заем на парични средства, со несразмерна камата од околу 10%,  кои се заверени на нотар и се изготвени солемнизации со својство на извршна исправа, со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 397.700 денари само на име камати.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле одземени неколку договори за заем и договори за купопродажба на моторни возила,  склучени со четири оштетени лица.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани