2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Жител од Норово приведен откако ја нападнал шумската полицијата која го затекнала како пали оган во близина на шума

Септември 04, 2021

При редовна контрола на Шумската полиција од Крушево, вчера околу  18 часот, на   Селечки рид,  затекнато е лицето И. А. од с. Норово како пали оган на отворен простор блиску до шума.

Кога лицето ја забележало патролата на шумската полиција почнало вербално  да ги навредува, а во еден момент и физички да се пресметува со шумските полицајци.

Од страна на полициски скужбеници од  Крушево е приведен и против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Настанот го потврдуваат и од СВР Битола

 

-На 03.09.2021 во 18,30 часот во Полициската станица Крушево бил приведен А.И. од с.Норово поради тоа што агресивно се однесувал кон полицаец од шумската полиција Крушево кој извршувал службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се наведува во соопштението од СВР Битола

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани